„Наводници“

„Наводници“
(простете на многуте „наводници“... уф,... еве ги пак)


Оваа серија написи ќе служи како помош на кутриот.

Институт за губење време - историја, кој не може да стаса да исполни целодневна програма на телевизиите, со што на историјата и става нови наводници.

Целта на написите е да помогне Македонскиот народ да сфати колку многу должи на „Фамилијата“ (башка од долгот кон странство). Првиот од серијата написи е за историјатот на наводниците.

Вовед, звани „Увод“

-Денес е „наводнизацијата“ најактуелен процес, кој се одвива насекаде. Оваа идеја е толку силно „напикана“ во Македонцкиот народ, што тој веројатно нема да издржи од толку многу што му е напикано, па ќе пукне. Посебно тоа е случај во последно време, заради тоа што некои во оваа идеја влегуват заедно со моторите.
Воедно, овој процес е многу секси, заради „дупењето во здрав мозок“.

Том Први: Од праисторија до дивјаштво

-Гледано историски во славното минато на нашиот народ, наводниците не биле отсекогаш многу битен интерпункциски знак и се развивале заедно со „образованието“ на Македонскиот Народ (значи: многу споро, без врска и ретроградно).
Нема некои јасни трагови за наводниците кај македонопитекусот. Подоцна, во железното време, исто како и сега, нема трагови од интелигенција.
       Со доселувањето на Словените на Балканскиот полуостров, Римјаните имале голем број наводници за варварите и започнале да се крстат од чудење, исто како и сега што се крстиме на варваризмот.
Склавиниите претставувале поголем извор на наводници затоа што Византијците дерман немале од нас и ставале наводници, кога се говори за нас. И ден денес нашите племенски старешини, кралеви, функционери и цареви ги пишуваме во наводници (пр. „вождот“, „оној кој прислушуваше“, „партиски морони“, „претседател“, „усрамен суд“, „јаден обвинител“).
Во средниот темен век, било многу темно и немаме податоци за него. Овој период од гледна точка на наводниците се нарекува наводничко – спахиски систем.
Периодот пред Првата Светска Војна е познат по „експлозивни“ наводници, од кои се најпознати „Солунските“ и „Гвадалкивир“, кои се наречени „револуционерно – патриотски“ и кои и денес ги гледаме секој ден.
Од значајните „историски настани“, кои имаат „пресудно влијание“ врз нашата „историја“, Илинденското „востание“ дало значајни „наводници“. Тие „наводници“ биле сопственост на разно – разните вемере – ои, темере – ои и другите „ои“, ги произведувале во слободно време, кога немало кого да кодошат. Овој период се нарекува наводничко – голопртски.
Процесот на „наводничарење“, понекаде наречен „ОЗНА – нување“ или „кодошење“ продолжува и понатаму. Овој период е наречен наводничарско – комунистички.

Том Втори: Понов период

-Во поновиот период после 1990 година постојат обиди за инсталирање „наводници“ врз државата, процес, кој во историјата е познат како: „кај се парите од знамето“, „лавче ли е хиена ли е“, „конгрес во Солун“ и „не, не е Бугарче, жими баштами“.
Посериозни обиди за воспоставување наводници над државата има и потоа, а позначајни тука се: „Војната од 2001 година“ и „Рамковниот договор“.
Сепак, „наводниците“ на важност добиваат после 2006 година, а посебно после 2008 година, кога започнуват „масовно“ да се појавуваат.

Во следниот напис: „Нови наводници“

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

Пот од очите и солзи од под мишки