Расцеп

Расцеп

Депресијата и анксиозноста не ја лечевме, а знаевме дека ќе премине во нешто посериозно, но ние сме Македонци и не лечиме додека „не дојде коса до рамена“. Зарем не знаевте? Македонците „се снајдуваат“ – такви сме и точка.
           Глума? Лудило? А зар има разлика?



Не сме спремни да бидеме нешто повеќе од Македончиња. Не мислиме дека имаме право да бидеме слободни.


Симптомите градираа: Веќе не можевме да се сетиме дали сме земјоделци на протестите или сме ГДОМ - овци, буџетари или патриоти, вемереовци или „анти - агендаши“. Дали одговорот зависи од нас или од ликот, кој вождот ќе го одбере наутро: за него и за нас? Дали е тоа губење на чувството за стварност или верување?

                                    Вождот е болен, а глуми нормален, 
а народот не е  болен, но глуми лудило.


      Ликовите на еден просечен вемереовец немаат крај. Нив ги одредува вождот – согласно неговата манија на гонење, утриснки халуцинации и сомнежите дека странците можеби му нашле некоја сметка во некоја банка. Тој интересот на јавноста го разбира како провокација, сите неистомисленици како „храна за Ќосето“, заканите кон граѓани и новинари како пријателско предупредување, формирањето паравојски како демократија, слободата на говор како завера против Македонија, европската загриженост како лицемерие, демократите како есдеесовци, Албанците како змии, кои ќе треба да се сотрат, истовремено канејќи ги и тие да дојдат на албанофобните партиски збирштини, каде промовираат се нови и нови петпарешковци и платеници... Виртуелна вемереовска реалност. Но дали во тоа веруваме или глумиме лудило? Прашајте го Села!!!

 Дали тие протестанти не гледаат никаква реалност помеѓу две халуцинации? Кутри партијци, дали од страв да кажат дека царот е гол, дали од желба да заработат уште нешто од труипот на вождот, дали од навика да работат по команда, одат по слепец!  

Токму тоа: Глумат тие душички и калкулираат. Тие кутрички лечени – недолечени желници за виртуелна моќ, која му ја дава надежното „не ја даваме власта“, не го разбираат зборот „сеуште“, па талаликаат по плоштади и сокаци, тепаат пратеници, со намера да убијат и ќе ја бранат Македонија иако се тие единствените кои ја напаѓаат. Не разбирајќи дека на сите им се преку глава дојдени нивната партиска шизофренија, па нека е и одглумена - по наредба.

Не разбираат дека целото општество ги третира како предсмртна небулоза на вемерето? Буквално на сите и дома и надвор им се дојадени, а ако сметаат на нивната партиска бројност, нека заборават, оти на тие кои „ги држат на кумплуг“ им е подобро да се ослободат од глумењето лудило.
Закоравените вемереовци - платеници ќе глумат до крај и ќе се повикуваат на народ. Но, сите знаат дека не е тоа народ на улици, освен по некој заведен од албанофобијата, кое ќе му помине како на кутре, после смената на власта, кога ќе види дека цела агенда е веќе имплементирана во законите и практиката.

Не мои Македонци!!! Тоа не е „народ“!!! Тоа сте вие вемереовчињата, со вашите сељачки финти и џабе глумите „дијагноза“. „Расцеп“ немате, освен со моралот и самопочитта.

Ајде да ви кажам како на дечиња од градинка: Ве гледамеееее! Ѕе!


Comments

Popular posts from this blog

Илија наречен Жаклина

Сијамска тројка