„Без сведоци“




„Без сведоци“

Мафијата настанала во единаесетти век. Тоа го проучувам.
Затоа ова е совет до оние, кои нашата трагедија ја разбираат како меѓупартиска борба. Кој ја нема мувата на капата – нека не чита, кој ја има, а има и памет - нека помисли, кој што нема избор, нека прави што мора.
Да немате илузии. Меѓупартиска борба нема!!! Слабата СДСМ е партија, а ВМРО – ДПМНЕ не е партија и тоа одамна. „Партијата“ позната како ВМРО – ДПМНЕ, чие име е смешно да се користи без наводници, е испостава на „фамилијата“. Заради тоа и не може да има меѓупартиска борба.
Борба на мафија и партија? Пак неточно. Имаме борба на целото општество со мафијата. Сите тоа го знаеме. Одвратното, лажливо и перфидно лице на мафијата е насекаде. Извршителите веќе и не се важни засега, но можат да станат понатаму, во судските процеси, се разбира, ако опстоиме, што „фамилијата“ не го сака.
Видовме едно од лицата на мафијата во „парламентот“. Заврши и таа бајката на „фамилијата“, заедно со приказната за „мирните демонстранти што не газеле цвеќиња“ загрижени за Македонија. Тоа, не само што помина, туку продолжувањето е како шминкање труп.
Тоа и не е толку важно, зошто на сила влегуваат тешките играчи, а што со нив заедно доаѓа, страв ми е да помислам. Големите не се големи залудно, не?
Најважно за тие со мувата на капата (или фантомката) е што бргу ќе започне „контролата на штета“. Неа нема да ја води ниту Талат, ниту Заев. Попросто, од „фамилијата“ ќе се спремаат за суд, а тоа значи дека ќе ги ништат сведоците. Така направила секоја респектибилна мафија во светот. Тоа ќе го направи и оваа. Зарем некој мисли дека „фамилијата“ ќе остави сведоци?
Смешна надеж: Изгубете ја.
Најпрво следи „процесот на губење на занесот“ на вемерето, кое е последното лице на злото на фамилијата. Да не се лажете: ВМРО не постои, тоа е уништено уште пред години. Во оваа „постава“ има само неколку идеалисти. Ова веќе започна. Разни „сители“, „канали“, нови и полунови, „курири“ и аналитичари ќе талаликаат уште малку, за да си ја заслужат платата. Но, кула од песок не се брани: Работата е пролупана машала и „поправка“ с’кн.
Потоа ќе следи „правна битка“ во Парламентот да не се предава власта, за која „фамилијата“ мисли дека може да ја развлекува со години. Се лажат. Однапред е загубена битката. Сите ќе бидат изненадени од брзината на распадот на хунтата на фамилијата. Ќе има и многу други трагични и смешни обиди, па дали Хорхе ќе пробува државен удар со војската, дали ќе има атентати, дали „усрамен суд“ ќе изведува бесни финти, не е важно. Војната им е изгубена.
И најважното за овие од „платената виша постава“, кои се сликаа насред „собрание“: кога „шефот“ ќе увиди дека колку и да добива „битки“, ја губи војната (што е евидентно), ќе започне контролата на штета. Секој, кој директно добил наредба од „големците“ од „фамилијата“ е мета. Секој, кој може да го доведе СЈО (читај Јавната Обвинителка Катица Јанева) поблиску до „шефот“, секој, во кој „шефот“ се сомнева, а човек со параноја мора да се сомнева, секој кој прислушувал, тепал, перел париња, штимал тендери.... е мета.
Типчињата од „нижата постава“, тепачи, несовесни и продадени полицајци, инспектори, судии (овие кутриве мислат дека се „виша постава“), перачи... најжестоко ќе настрадаат. Тие се ем потенцијални сведоци, ем направиле зулуми и загрозиле судбини. Страшна работа.
Вистина е. Дури и да е Села сиот направен од добрина, во што јас не верувам, истовремено посакувајќи му брзо оздравување (барем на телото), не мислам дека ќе ви прости. Молете се да му заздрави и душата и нему и на сите оние на кои 11 години го „убивате Господ во нив“.

Сепак, најмногу плашете се од „фамилијата“, која (засега) ја нарекувате „своја“. 

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

Пот од очите и солзи од под мишки

„Наводници“