Бугарската војска со 190 на саат влезе на Кајмакчалан

Бугарската војска со 190 на саат влезе на Кајмакчалан

                Верувајте, точно е, Миленко ги сними. Сето започна тоа утро кога Тодоров „во дел од секундата“ се спаси од „пластичните“. Веројатно Тодоров во последен миг се сети на експертката за „пластични“, а можеби и „гумени“ - Јелена Жугиќ. Кога тоа го чу Миленко, возејќи 173 км/ч по српските патишта одма се сврти да провери дали и Бугарската војска употребува „пластични“ или можеби преминала на „гумени“. За таа намена одма му се јави на Васко Ефтов, кој од многу информирани извори му кажа дека не знае каде е тоа Кајмакчалан, но од Мирка има слушнато дека Бугарската војска влегла на Кајмакчалан.
                Оправдан беше неговиот сомнеж дека Бугарската војска претходно била обучувана од Заев, што со сигурност Латас му го потврди одма кога излезе од СЈО каде го викнале да поправи чешма - што ќе била новата професија на Латас.
                Кругот се склопи и се стана јасно. Колку визионерски оваа Жугиќ погоди - „пластичен“ му е мајката. Но, секоја приказна не оди толку мазно и Миленко сфати дека брзајќи почнал да вози со 970 км/ч. И тамам кога сакаше да намали, зад себе здогледа 2 жолти комбиња со бела боја (или беа шкоди). Со оглед на неговата важност за развој на козарството во организацијата „Коза - ностра“ тој одма знаеше дека прогонителите се преспори за него и наместо да стави во „ВОРП 2“, тој ја повлече ѕвездената кочница и во дел од секундата, само со 190 км/ч се најде зад прогонителите. Неговата сопатничка со псевдонимот „коза“ му ја додаде камерата и тој со двете раце зеде да зумира од тоа спорите бели коли. Се знае, Миленко од прогонуван стана прогонител. Со тоа камерата извади непобитни докази дека него го прогонувале тренирани специјалци кои се криеле во Србија а ги обучувал Зоран Заев. На прогонителите, а сега прогонувани, не им успеал ни трикот што се претвориле во баби што одат на пазар. Тие не можеа да сфатат: Еееј, Миленко е тоа.
                Сега, со креативното вемере очекуваме шестата флота да влезе преку Демир Капија, да откријат скандал каде Мила Царовска му била љубовница на Доналд Трамп, дека Заев е вампир во минатото познат како Дракула, дека Стево Пендаровски не бил Супермен туку Бетмен (за што Бетмен Велит мислит да го тужит) и дека Албанската војска во содејство со платениците и останатите Соросоиди се спрема да му направи атентат на Хорхе за Македонија да остане без одбрана.

                Единствено во целата приказна не е јасно дали сеуште Жугиќ е по „пластичните“, дали Мирка има шарпланинец и дали Миленко ја изневерува козата. Но верувајте, веќе започна вемеровска шизофренија во која тие ќе ги откријат сите криминали на СДСМ (додека беа во опозиција, а во суштина тие го трошеа буџетот, како што Бранко му влегуваше на Хорхе преку прозорец и му потпишуваше доклументи), сите нивни издајства на Македонија, сите отстапки кон Албанците кои прв пат дојдоја на власт, а во ретките моменти кога ќе можат да ја спознаат реалноста ќе откријат многу туристички дестинации за каде ќе купуваат карта во еден правец. Ако дотогаш им биде одземен пасошот (слушнавме дека на Катица тоа и станало ново хоби - собирала документи), можат во белата зграда, и тоа пред да му ја дадат на Фиат, да му наштампаат пасош во кој Миленко може да се вика Жаклина. 

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

„Наводници“

Бидете паразити, оти е највозвишено