Posts

Showing posts from July, 2017

Бесните пци на Кајафа

Бесните пци на Кајафа Голгота! Тоа Македонија помина. Веќе заборавивме? Бесните пци на Кајафа тоа ни го сместија. Дали навистина заборавивме дека шепотевме, гледајќи лево – десно, некој да не чуе и пренесе? Толку ли сме комотни да заборавиме, како го носевме крстот по тесните улички на изгнасеното судство, кое не пропушта прилика да го покаже своето акрепско, лепрозно лице. И сега дури! Еве го со Грујовски и Бошковски, пред него со Кочан, пред него со Војо „непристрасниот“, пред него со стотици други Ана и Кајафи, Јуди и Пилати.  Зар сите ние да бидеме како нив рачунџии, лижигазовци и лиги?  Тие од корист, а ние? Заради што ние да заборавиме? Чуму тие смешни апели да не се партизирало, да немало притисоци врз судството, да немало казни, да се укинела радиодифузната такса и милион други нешта, кои вемерето ги воведе, со нивна помош го „одра“ народот и сите тие париња си ги потроши за партиски дувла, скулптури, мерцедеси, прејадувања и гаќи... Тоа им е опозициона борба? Така тоа се пр

Ние сме тие, на кои родителите не предупредупредуваа

Ние сме тие, на кои родителите не предупредуваа Колку сакаат нека се фалат Америкаците, НАТО, ЦИА и останати „задолжени за светот“ дека тие ја уништиле Југославија. Немаат шанси со нас. Ние си ја уништивме. Еве, до сега успешно ни одеше и со уништувањето на Македонија, но овој Заев сака да ја зафркне работата. Кутрите тие обавештајци, со сите пари на светот, едвај не зачуваа во живот и да не се испоколеме меѓу себе. Нам не ни се потребни ниту Албанците. Имаме ние братоубиствено - криминални причини и без нив. Не се тоа некакви идеолошки причини, туку простотилакот. Како може „странска служба“ да уништи држава, ако е држава. Пари? Државата има секогаш повеќе, отколку „странците“. Обавештајци? Не може да има ниту 1 промил, спрема нашите тајни служби, полиција, војска, институции, судови, обвинители. Платеници? Што со нив? Не може да има толку платеници, колку што може да ги плати нашата влада. И ги плаќа, било во хонорари, било во криминали, било во прејадување. Затоа, „балоно

Вмровски морал: крадел оти морал

Вмровски морал: крадел оти морал Зврле куртули, за сега. Братислав и Јелена – не. Едната си ги зеде „пластичните“, а вториот заборавноста дека некогаш и тој беше човек и како „праведници од јавна куќа“, си заминаа. Ќе ве паметиме како мали и небитни луѓе. До невидување, освен, ако идниот обвинител не одлучи поинаку. Коњите, бизоните, дивечот и државниот буџет – како прилог во тањирот на аздисаните вемереовци – здивнаа. Од партијата на прејадувачи на туѓа сметка, велат: не за долго – ние повторно (им) се враќаме. Кому? На народот, или на бизоните? А моралот? Ах, да: Јадел оти морал, крадел оти морал, молчел оти морал. Морал – колку сакаш. Кога сме веќе кај моралот, што е со МАНУ? Тие секогаш куртулуваат, дали заради постојаното доцнење со „иницијативите“, барем по две, три години, дали заради тоа што имаат рачен менувач, па навреме менуваат и брзина и насока, дали заради „научениот опус“, во недостаток на одговорност. „Спијам, значи постојам“? Така ќе играме? Дали сто тони

Нема повеќе сиромаштија

Нема повеќе сиромаштија Бизнис му е мајката, ама не како што кажува Анѓушев или Витанов. Формулата ја добивме лично од Грујо. Не, не мислеше на нови скулптури, стиропор и панорамски тркала. Отвораме бизнис, за кој имаме најсилни и неограничени ресурси: Ќе извезуваме преживарски муабети!!! Лесен бизнис. Седнуваш во кафеана и слушаш преживање: „И јас му велам на Заев, море брат, вака не ја бива и... дрн, дрн, дрн“... до сто едно и назад. Одиш во партија, а таму во муабет: „Кога му велев на Грујо дека ќе губиме, не ми веруваше.... дрн, дрн, дрн“. Пушташ „ТВ Кочан“ и слушаш од Грујо дека му велел на Бранко: „море Бланко, ај да купиме некое авионче, па ќе си летаме, сакаме на либа во Глција, сакаме до Блисел... дрн, дрн, дрн“... Дека тој не бил воопшто присутен на тоа патување – никому ништо. Тој не муабети, туку прежива. Преживање во боја. Барем да беше на радио, а не на телевизија. Дека трошеле милиони евра на глупости цели 11 години, не е важно. 11 години на власт? ВМРО никогаш

Курири - Карабдалици

Курири - Карабдалици Карабдалиците беа претходнички на фејбукот. Припрости, средновечни, невработени жени, се декларираа како „домаќинки“, за да направат дистинкција од „вработените“, кои „не биле за машала“ - од морална гледна точка. Тие секојдневно седеа пред куќа на каменот и не чекаа настани, туку ги измислуваа. Понекогаш тие беа и помлади, но не им се гледаше младоста од дебелината, од смешните „роби“ (домашни фустани), кои ги носеа – секогаш маслосани. Мрзливи, анксиозни, животно повредени од сопствениот став, негативни до срж, расипани заради самоодбрана и потполно убедени дека животот е ропство, дека лек од него е продавањето евтин морал и дека дневната доза пакост е причина за да станат од кревет. Такви беа тие познати прилепски карабдалици, чиј дух не е загубен, туку само унапреден со вемерето, како заради сличноста на духот, така и заради гнасотијата, која мораат да ја скријат со „дневни соопштенија“. А дневни соопштенија – колку сакаш.   За да разликуваш карабдалиц

Илија наречен Жаклина

Илија наречен Жаклина Од сигурни, но не најсигурни извори ,  дознаваме дека вемереовците чекале потврди од психијатри и психолози дека имаат шизофренија – кој подвоена, кој тројна, кој мултиплицирана личност (така се викаше?). Заради што? Можеби за да формираат 40 пратенички групи, а можеби е тоа вистинската состојба на вемерето. Просто, пратеникот / пратеничката носи потврда до парламентарниот спикер дека е подвоена личност, па имаме два пратеника: Едниот Илија, другата Жаклина. Илија е член на вемерето, пратеник и мизантроп, а Жаклина е од партијата на неизгазените цвеќиња и не пуши. Самиот факт дека носителот Илија е пратеник, и неа ја прави пратеничка. Си живеат едниот и другата во иста глава, во опозициона коалиција.  Кога патуваат одат во простор за непушачи. Вториот – Крсто, носи потврда дека има тежок расцеп, па во него живеат еден куп „фантоми“. Едниот е пратеник, другиот работи како вратар во Парлементот, третата се одзива на името Тендерка и работи бизнис, четвртата