Posts

Showing posts from September, 2017

Оти бе ич не ви работи „работата“?

Оти бе ич не ви работи „работата“? Ами, дека ви ја видовме „работата“? Не ви е ич гајле? Не ви е „работата“ за машала, оти не работи. Ама ич! Добро сега. Не, дека не ве разбираме. Знаеме дека есдеес напорно работи да ве врати во живот - видно кандидатите за градоначалници (прости Аце, не важи за тебе), што некој злонамерен, би го протолкувал како знак дека ништо не научиле за сите години во опозиција. Знаеме дека и Бог ве сакати, па ви ја даде малерозната 13 - ка, па, можеби, „народот“ ќе има разбирање за лошиот комар. Знаеме дека уште ништо не знаеме за „работата“, оти Катица, Фатиме и Ленче, сеуште, ја истражуваат и сите сведоци не пропеале за „работата“. Ама, дознавме дека, барем во вашите глави, „работата“ - работи. Леле, министре за полиција! „Работата“ им работела, а ти велиш дека пролупала, како „Максим по дивизија“. Навистина: Дали вемереовската „работа“ работи, оти „Секогаш работа и секогаш Македонија“, е застрашувачки слоган, со кој се вели: Ова е Mакедонија и н

Нов бран бегалци во Октомври

Нов бран бегалци во Октомври Веќе започна. После локалните избори, бранот ќе се засилел. Малчески, додуша презадоцнето со години, открил дека вемерето ќе паѓа, па отиде бегалка. Можеби ќе открие и дека Џон Ленон го убиле. Бог да ги прости.             Новиот бран бегалци, кој се очекува од Октомври, па натаму, во стампедо, без чамци и италијанска полиција, за да ги спаси, ќе емигрирале и од вемерето - во „другото“ вемере и од вемерето и „другото вемере“ - во СДСМ. Природно е, уште од Ева, која го нахушкала Адама да го касне јаболкото на сознанието и љубопитноста, за да види како е во другите партии. За овие бегалциве, потполно е неприфатливо да останат без парија, зад себе. Едно е јасно: проевропската и несигурна прегратка на СДСМ, во која, „секој може да ти го свирне“, по зборовите на Геро, е сепак, посигурна од стамената вемереовска „грижа“ за кадарот, со државни кредитни картички,  заради фактот што „кадарот“ долго време ќе биде на самофинансирање, во недостаток на власт. В

И новите ќе крадат! Па, што дека?!

И новите ќе крадат! Па, што дека? С е плашам дека напорот да им застанеме на патот на криминалот и корупцијата ќе ни пропадне и со новата Влада. Го следам превладувачкото расположение за промена на власта и на локално ниво, на мнозинството граѓани им е преку глава од старо-новите кадри на вмровската Фамилија низ разните градски и селски средини во Македонија, но истовремено – иако без намера да тврдам дека имам детален увид во состојбите – гледам и како целиот „сектор“ на локалниот криминал и корупција (тендерашите, градежната мафија, кафеанските профитери, транспортерите, експертите за бирократските процедури итн.) се подготвува само да ги „превземе“ новите градоначалници и новите општински управи и веднаш да ги стави во „машината“ на наместените јавни набавки за улици и тротоари, за измислени градежни маркички, за „скриени поткровја“, за транспортот на ученици, за греење на општинските згради или за долгите софри по локалните кафеани. А и некои од кандидативе се за машала: уште ка

Овчар и волк

Ќе има ли некогаш дебата, без борба за власт Сетете се на јагнето, што ги „туражирало“ овчарите, со лагата дека доаѓа волкот? За жал, ние немаме едно, туку најмалку четири јагниња – едното македонско, другото албанско, третото вемереовско, четвртото есдеесовско. Поинаку, тоа е приказ на македонската политичка и општествена ситуација. Волкот може да си ја брка работата – како сака. Тоа е. Блеење, наместо дебата. Кај нас не можеш да знаеш што е дебата, а што борба за власт, колку и да си добронамерен. Тука воопшто не говорам за некои органски интереси на било која етничка заедница или на партија. Овде е зборот за виртуелна реалност, која партиите ја создаваат, за да ја преточат во власт. За нив „секоја топка“ е добра топка, затоа што никој не знае каде е голот. Дали е тоа нормална состојба, во општество, каде конфликтот е „природна состојба“ (најригидно толкувана демократија), а борбата за власт најлегитимен порив? Да, ако ја заборавиме дебатата, заради која и постојат парла

Го сакате на француски или на антички начин?

Го сакате на француски или на антички начин? Популизам и кој ни го смести, прашање е сега, па дури и на Денот на независноста?             Ајде, да видам што вели Википедија? „Популизмот, како поим, за прв пат е употребен во Франција, за да се означи правец во француската книжевност, каде се говори идеализирано и убаво за народниот живот“. Јасно е, Денот на независноста и популизмот, се идеална комбинација - ако немаш вкус.  Но, на овој светол ден, наместо честитка до народот, да изјавиш страв за идентитетот и да го плашиш народецот?             Читам понатаму: „Класичното значење, овој поим го добива со државите, кои функционираат преку избори“. Избори? Затоа е Википедија главна.             Избори!!!             Ете објаснување. Јас ќе си пишував за популизмот... Каков Ден на независноста, какви прослави, каква национална гордост. Избори ќе имало!             Навистина, погрешно е да се мисли дека поимот потекнува од Груевски и партијата, колку и да се поврзува вем

Референдум за Маркови Кули

Референдум за Маркови кули Ги информирам граѓаните на Прилеп дека на 15 – ти октомври, заедно со задоцнетите локални избори, Референдумот за 6 – те лица кои бараат азил, односно за непримање мигранти кои ги нема и заедно со најавените Референдум за дозвола за печење пиперки за ајвар на отворен простор, Референдумот за осуда на Заев за пожарите и Референдумот за слободно протестирање и одлучување на средношколците дали да отсуствуваат од настава заради присуство на митинг, ќе се одржи и голем народен Референдум против растењето на Маркови Кули. Се молат граѓаните масовно да излезат, од причина што е констатирано дека и Маркови Кули расте по 1 милиметар годишно, заради притисок од афричката геосинклинална плоча, како што расне и јужноевропското копно, па ние нема да дозволиме притисок „однадвор“, дури и да е од Африканците, со кои сме браќа по „Воинот на коњ“ и на кои почнуваме да личиме. Имено, по жалба на нашите браќа од Крушево, кои се чувствуваат загрозени од фактот што за

Директни странски инсинуации, или беа „ивестиции“

ДИРЕКТНИ СТРАНСКИ ИНСИНУАЦИИ, ИЛИ БЕА „ИНВЕСТИЦИИ“ Поезијата за просечен Македонец е најбитна и ќе видите заради што. Зад инвестицискиот „бум“ мора да стоел некаков „морков“ и сите го знаевме тоа, но колкав бил – не знаеме. Не знаевме ни колку работници се вработени, колкава плата земале, кој ги плаќал придонесите, дали сами си граделе или „нашите“ тоа им го средувале, што странците донеле и колку, а колку им дал Грујо, за да може да се слика со нив. Значи, не знаеме колку чинеле фотографиите од Грујо. Од Грујо само поезија, наместо објаснување и отчет. Засега, има информации колку биле плаќани медиумите, кои Македонија ја држеа во инвестицискиот ритуал и од тука гледаме дека секоја фотка чини колку добра јахта. Но, тоа не е се. Ако на тоа ги додадеме податоците за субвенционирањето на странските инвестиции, кампањите за инвестирање во Македонија, многубројните економски аташеа, цели агенции за ова и за она, економски заменици, коктели, патувања, пробисвети од цел свет, ангажирани