Го сакате на француски или на антички начин?

Популизам и кој ни го смести, прашање е сега, па дури и на Денот на независноста?
            Ајде, да видам што вели Википедија?
„Популизмот, како поим, за прв пат е употребен во Франција, за да се означи правец во француската книжевност, каде се говори идеализирано и убаво за народниот живот“.
Јасно е, Денот на независноста и популизмот, се идеална комбинација - ако немаш вкус.  Но, на овој светол ден, наместо честитка до народот, да изјавиш страв за идентитетот и да го плашиш народецот?
            Читам понатаму: „Класичното значење, овој поим го добива со државите, кои функционираат преку избори“. Избори? Затоа е Википедија главна.
            Избори!!!
            Ете објаснување. Јас ќе си пишував за популизмот... Каков Ден на независноста, какви прослави, каква национална гордост. Избори ќе имало!
            Навистина, погрешно е да се мисли дека поимот потекнува од Груевски и партијата, колку и да се поврзува вемерето со популизам, лажни ветувања, крокодилски солзи за државата и „постигнувањата“.
Заради изборите да ти била цела таа загриженост. Сега, откако вождот си замина, по неуспешниот државен удар, се загрижил за идентитетот на македонскиот народ, и толку многу го сака „народот“, што би се вратил на власт, за да го заштити. Ај, што не знае дека и понатаму заминува, со секој час и секоја негова „нова грижа“ за нас, туку и не сфатил дека е „заминат“.
Како тоа „заминатиот“ ќе води избори? Со „идентитет“ и со мигранти?
            Сепак, и без да читаат вакви написи за популизам, граѓаните „го прочитаа“ несудениот реформатор Груевски, чија најсилна реформа му беше реформа на сопствениот џеб - на наша сметка и воопшто не го болеше за „националниот идентитет“, кој се претвори во „задолжен и смешен национален идентитет“.
Сега говори за национални интереси. Нему никако да му текне дека тој ги учеше граѓаните да не прашуваат „што“, туку „колку“ и „кога“. Дали се 5% на пензиите, дали се 2% на кромидот, едно евро на тутунот, тој секогаш имаше ветување за пари, неместо за принципи: земи пари и молчи, па дури и ако се парите само ветени. Партизацијата на сите институции, тој популистички го нарече „борба за вработување“, а не вработи само Македонци, толку барем паметиме. Чии „национални интереси“ ги згрижи со тоа? Дали е национален идентитет, вработените од двата етности да земаат плати и да седат дома?
            Менувањето на тој ист „идентитет“ од словенски во антички за него не беше проблем. Не го чекавме него, па да ни каже кои сме. Тоа, тогаш не беше прашање на идентитет. Ниту за вемерето, ниту за него, иако е сето тоа нејасно. На пример... Дали квазиантичките споменици одговараат на нашиот идентитет? А барокот? Како секое село во Македонија да било преплавено со антика и барок, па потоа сме ги изгубиле заради клетите Турци, па Грујо ќе ги врател. Освен лоповлукот, што друго му беше приказната, само Бог знае. Можеби уште одтогаш беше „отиден“?
 А Хунзите, тие наши браќа и сестричиња од Азија, исти како нас, да не беа донесени овде за да ни го потврдат идентитетот? А името на аеродромот? Улиците со антички херои и историски личности? А навивачите со „античка опрема“? А „патриотите од Заедничка Македонија“, накитени со антички симболи и копја и штитовите, директните потомци на Александар и неговото другарче од шаторот?
            И? Рече: „идентитет“, а? На Денот на независноста!
            Сега ќе не храни со „идентитет“, златниот, но дали мисли да ни го даде на македонски или на француски начин, како што ни го даде на антички? И овој античкиов, едвај го преживеавме, но ако продолжиме и со „францускиот“, тогаш, навистина ќе ни треба реформа и на мозокот, а не само на историјата, архитектурата, здравството, културата и на секоја општествена пора, после единаесет години дивеење против секоја ставка на македонскиот идентитет и држава.
До кога „заминати“ ќе ни го честитаат секој празник со беден популизам. Зар сме ние Македонците осудени, тој што ни ја пали куќата, да го добие признанието за нејзино гаснење?
            Грижата за идентитетот е најблагородна и постојана борба, но само за достојните, на чии усни зборовите „Честит и долговечен празник“, звучат искрено и доблесно.

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

„Наводници“

Бидете паразити, оти е највозвишено