Транскрипти од телефонските разговори на личноста А со Б и Б со Ц

Транскрипти од телефонските разговори на личноста А со Б и Б со Ц 

Личност „А“, со личност „Б“

Личност А: Ало, како оди лаботата?
Личност Б: Здраво претседателе, што работите?
Личност А: Секогаш лабота, но остави го тоа.Лаботата! Како оди лаботата?
Личност Б: Онаа, која требаше да се сработи овој со пивара во странство?
Личност А: Таа, таа.
Личност Б: Рече дека работи на тоа. Работата оди.
Личност А: Долго бле лаботи, а лаботата не е слаборена, еве, се ближи датумот.
Личност Б: Тој ми гарантираше дека ќе ја сработи. Рече дека му ја дал на оној акмакот со патриотите и тој работи, со цел негов тим.
Личност А: Поблгу тоа. Јави се да ја слаботат лаботата и да ми лефелилаат.
Личност Б: Одма ќе сработам.
Личност А: А онаа длуга лабота?
Личност Б: Префрли овој нашиов пари – нека работат слободно на тоа емисиите.
Личност А: Не бе таа лабота. Онаа лабота за овој со згладиве. Гледам и тие лаботат, како и ние.
Личност Б: А, таа работа. Ја работиме.
Личност А: И каква е залаботката од лаботата?
Личност Б: 7% ако сработиме во кеш, или 10% ако сработиме во станови.
Личност А: Ами дека ти му ја слаботи сета лабота со земјиштето, со дозволи и со кледити. Длжавата е галант, не знаат?
Личност Б: Ама, мора да му дадат и на Стевчо. Тој им сработи пола.
Личност А: Леле... Јас му слаботив, ти му слаботи, Стевче им слаботил, цела палтија слаботила. Секогаш лабота, а само 7 плоценти за нас... за Македонија... мислам.
Личност Б: 10 проценти, ако е во станови. И тоа не е лоша работа...
Личност А: Моле, не гледаш дека лаботите ни ги откливаат? За некој ден нема да бидеме на вуаст. Тогаш овие со згладиве можат на длугите да им ги дадат становите. Земај пали одма – слаботувај.
Личност Б: Јас одма ќе сработев, ама не сум директно на власт. Работиме индиректно преку ...
Личност А: Лаботи, бле. Лаботи, секогаш лаботи. Лаботата ние ја наледивме за сега блзо да биде и овде ќе голи, а каде ќе одиме без пали и лабота? Какви станови. Земај тие 7 плоценти во готово и носи.. ајде лаботи!
Личност Б: Секако претседателе...


Личност „Б“, со личност „Ц“

Личност Б: До кај си со работата?
Личност Ц: Работиме турбо.
Личност Б: Работите тикви. Се јави главниот и ме риба за работата.
Личност Ц: Отииии, јас работам...
Личност Б: Дали ги најде луѓето? Дали ги сработи?
Личност Ц: Сработив некои, ама бараат многу пари за работава. И затвор и без работа можат да останат. Многу е опасна работа.... главата вторба ја ставаат.
Личност Б: А што треба? Дури сработуваа купишта пари арно им беше. Плати колку што бараат и нека бидат таму да сработат.
Личност Ц: Многу бараа за работата.
Личност Б: Вака работата не оди. Еден ден сработување и нема да мораат да работат 10 години. Им сработи вработувања, им сработи и вработувања на роднини, им сработи субвенции, колите им работеа ден и ноќ, колку гориво потрошија, се наработија во кафеани од јадачки и пијачки, а сега, за да завршат работа, требало да им сработиме еден куп пари. Тоа, работа ли е?
Личност Б: Знам. Јас секогаш работам ден и ноќ и немам пари јахта да купам – после инвестицијата.
Личност Ц: И јас секогаш работам и немам пари ни колку тебе. Ти барем пивара сработи. Да ги видам сите построени на денот за сработување. Разбра?
Личност Б: Да, ама.
Личност Ц: Нема „ама“. Сам рече дека се сите таму кај тебе „специјалки“ и дека „оро ќе играат“.
Личност Б: А? цела работа да оди преку мене? Имам јас некои специјалки, кои не гледаат што работат, ама повеќето би работеле само за големи пари.
Личност Ц: Па плати им за работата... или... вети им дека и ти ќе сработиш, кога тие ќе сработат. Е тоа може да помогне. Што да му кажам на големиот? Ќе биде работата?
Личност Б: Мора да биде. Ќе ги барам најглупите, кои работат на ветувања... да сработат. Ама, да знаеш и да му кажеш на претседателот дека секогаш работата јас ја завршувам... за него.
Личност Ц: Не за него, за Македонија сработуваш.


Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

„Наводници“

Бидете паразити, оти е највозвишено