313 бара многу заштитени сведоци

 313 бара многу заштитени сведоци

А што мислевте? Ќе  ве милуваат со „учество во толпа“? Ткалото се втело? Па, се свти, не гледаш? Се свртија и смешните оправдувања дека „ако не газиш цвеќиња“, имаш право да убиеш, да тепаш, да го газиш бирото на Претседателот на Парламентот, да се шеташ со качулка, да влечеш тело на пратеник, надевајќи се дека е мртов, да си намигаш со обезбедувањето, да се гушкаш со гнасите - ѓоа пратеници, да те водат низ Собрание, како да е прчија на татко ти, да ги гнасиш светите македонски песни и да си ги бакнуваш децата со истата уста, со која изгнаси секоја вистина, чесност и правичност. Ако не умреш од заразата од вемереовската колера на лагата, ако не те убијат твоите, за да не сведочиш, ќе те трефне чл. 313.

Битието на делото е чиста триста и тринаесетка. Имаше причини, поттик и поттикнувачи, припрема и организација, помагачи во извршувањето на кривичното делото, кои ја злоупотребија службената положба и овластувања, имаше директни извршители, имаше дело, кое е насочено кон насилно уривање на поредокот, имаше завера за онеспособување на највиталните органи на безбедноста и власта, тие беа ставени надвор од системот, блокирани и изместени од уставната положба, синџирот на оперативна команда беше нарушен и не постоеше неколку часови (доволно со илјада војници некој да ни’ ги заземе сите витални државни институции), имаше дестабилизација на земјата, со намера и со цел.

Имаше несомнено извршување на делото, снимено со камери. Од снимките јасно се гледаат сите актери, организација, завера и спрега со полициските службеници, нивната поврзаност и координираност со „демонстрантите“, регулатори на нападот, команден синџир, обиди за убиство на врвни личности од политичкиот и институционален живот, физички напади, крв, повредени, уништен имот, испоганети симболи.

Имаше и круцијален мотив на нарачателот на делото, имаше лични мотиви на извршителите. Имаше спрега за предизвикување нестабилност и предизвикување нестабилност, чувство на јавна загрозеност, што претставуваат причини за прогласување вонредна состојба, за што имаше и такви јавни барања. Ако на тоа се додаде Претседател на државата, кој многу пати до сега покажал јавна негрижа за интересите на Македонија, бил дел од секакви завери и злоупотреби, кој, таквите можности за „одбрана на земјата“, неколку пати ги најави, па, вадењето на оружените сили на улица би била основна претпоставка на заверата.

Имаше примери на најобично и нескриено слугување на Претседателот на Македонија на партијата ВМРО – ДПМНЕ, што се виде од неговите помилувања на обвинетите, поддршката на сите партиски злоупотреби на институциите, недавањето на мандатот на водачот на новото парламентарно мнозинство, заради глупави приказни за мали деца, што индицира на продолжено вршење на серија кривични дела, кое ги обединува во едно продолжено дело токму фактот на губењето на власта, кое требаше да заврши со вонредна состојба, во корист на ВМРО и сочувување на власта, со тоа.

Имаше идеолошко – партиска синергија со „движењето“ за заедничка Македонија, која е брендот на нападот на Парламентот, кои и ден – денес, тој ги поддржувал, а нивната идеологија дека Македонија мора да се брани од секого, кој не е ВМРО – ДПМНЕ и Никола Груевски, е дискурсот, односно оправдувачки мотив, со кој требаше да се правда државниот удар, односно, да се прогласи вонредна состојба. Имаше огромни трошења за организација на „патриоти“, „тврдокорни“, патриотски друштва, „движења“, скапи митинзи и присуство на естрадни ѕвезди, медиска кампања, милионски суми за реквизити, односно, припрема на делото.

Имаше формално обвинети личности од највисоките власти за криминал, злоупотреби на службената положба и овластувања, инкриминации за највисоки осуди, што е причина за организирање на ваков вид кривично дело. Имаше процес на формирање на ново парламентарно мнозинство, што е јасен мотив за протестите. Имаше прогласен Претседател на Парламентот, што е точка на прекршување на губењето на власта и логично тајмирање на злосторството.
Имаше лични мотиви на извршителите на големиот број кривични дела во Парламентот, затоа што сите тие беа грантисти, тендерски добитници, директори на институции, лица со обвиненија за кривични дела, партиски војници, вработени во безбедносните служби, АРМ и други институции, кои ги обединува ВМРО – ДПМНЕ и власта, а делата од чл. 313 од кривичниот законик, се нивен логичен обид за личен спас, низ рушење на државата со оружен конфликт, вонредна состојба или насилно чување на власта.


Значи, колку да го втиш 313, тој пак е 313. 

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

„Наводници“

Бидете паразити, оти е највозвишено