Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

                              За вештите убијци нема граница. Ако може со хартија, може и со песна!!!           
            Македонскиот народен гениј ретко која друга култура ќе го надмине во музика и во фолклор, воопшто. Нема тука многу дискусија: со кој аршин да ја мериш, е ненадминлива! Вемерето (иако, не се сами во тоа) беше точно советувана, и од песната направи оружје за масовно убиство на највозвишеното македонско наследство: Музичката естетика, која, наместо „за“, мораше да проработи „против“, за да си ја остварат вековната желба за вековно владеење со морони, а кој слуша изворна музика, не може да стане морон – по дифолт.

За таа цел, како архитип, ја зеде музиката за иселениците и направи милијарда фестивали за негување на тие купишта повраќаници. Сижето на песните мораше да биде за Македонија, и за дијагноза, односно, песни за кози во мутирање, за малоумници и носители на беретки, чиј занает е патриотизмот, во паузи меѓу две пљачки.

„Авторите без морал“, потпомогнати од „авторите без траг од народна естетика“ и донаторското лудило на Министерството за култура, се фрлија на правење пасторален патос од ѕвонци и клопотарци, кавали и гајди (синтисајзер де), со најлесни трилери, без основна мелодија и фор – шпил, звуци од громови, тимпани, фанфари, за да го навестат гласот на „учителот“, односно  обраќањето на конферансие со баршунаст длабок глас, кој говори  за патриоти – предавници, браќа – ѕверови, крв – вода, правоверни – неверници (бинарни опозиции, како во изворните песни). Текстот, без рима, е правенза 15 минути. За слушање тешко, за паметење – невозможно, логички – гротескно, а уметност, колку што фекалија има витамини...

Текстовите?

Тие се како психијатриски дневник со ретарди: браќа, сестри, чувајте ја Македонија, Земјо Македонијо, гордо напред, чекори кон сонцето, чеда Александрови, покрај „Егеј“, покрај Вардар, покрај Пирин Македонски.... за тебе живот даваме, над „Егеј“ Грци - катили, Европо правди не дели - народот слушни што вели, ѕверови, душмани, благословени Македонци, храбри синови се раѓаат, ако те делат, ако те грабат, клетва клета, пушка малихера, берданка, Гоце, Јане, Цветко војвода со негова верна дружина, но и Љубчо војводата, Груевки, господин Груевски, Брат Љубе....

Ужас, срам и полтронство!!!

        И оперски пејачи сакаа да подземат од купчето на вемере - за песни наменето, па лелекаат како млади мајмуни за парење, со своите лошо оформени и промашени тенори, со поѓомити оперски колорит, а тука се и современите примитивци, кои на поп, рок ... накалемуваат смешни текстови, а неретко, тоа се познати мелодии (ЈУ автори), кои добиваат моронски квази – патриотски текст(како „Брат од Егејот“).

      Еве само некои наслови од песни и „песни“, кои можете да ги најдете во компјутерот од секој патриот со беретка, кои се „задолжителна литература“ за вемереовци: 1762 лето, песна за Никола Груевски, песна за Патрикот, Ах Рани, рани, Абер дојде од Прибилци, Абер иди од Могила, Абер ми дојде од Солуна града, А бре Кољо мамин Кољо, АјвМакедонија глас се слуша, Ај кажи кажи, Александров Тодор Војвода, Балада за Илинден, Бисер балкански, Бојот започна горе Крушево, Болен ми лежи Миле Поп Јорданов, Брат од Егејот, Брене ми оди низ Неврокопско, Букурешкиот договор, Војната тригодишната, Вардаре Егеј кај ти е, Вечна да ни бидеш Македонијо, ВМРО- 1893-1934, ВМРО те воздигна, Внуци на Гоце Делчев, Во историја да се запише, Во Крушевогуста магла, Во Солуна Еди Куле, Војводата Ристоман Попчевски, Горда Македонијо, Горда Македонка, Глас се слуша плачи лелек, Го фатиле клети турци, Гори Балкан, Гоце ми отишол во Солуна града, Гоце низ гора врвеше, Гоце син Македонски, Гоцева Македонија, Гоцевата Порака, Грмеле топови, Два извора, Децата на Александар Македонски, Дојде ден, Душмани ѕверови, Егејска Голгота, Една мисла имаме, Едно име имаме, Еј мајко моја сакана и мила, Еј Македонијо, Еп за Јане Сандански, За Александар Македонски, За Арсо Војвода, За Ванчо Војвода, За Владо Црноземски, За Кралот Александар Караѓорѓевиќ, За Максим Ненов, За Мануш Војвода, За Митре Влао тешко ранет, За Никола Каранџулов - Ќе те прашам, бабо мори, За ХристоУзунов, Загрмел Голак заплакал за Арсо Војвода, Заклетвана ТМОРО, Заплакало е Мариово (Пиринска Верзија + 3 верзии), Запејте сите ангели, Земјо Македонска (3 верзии), Земјо Јуначка, Земјо моја мила, И  ние сме деца на Македонија, Иван е Костурски Војвода, Излегол Гено Комита, Излегол Дејан Војвода, Излегол Јане Сандански, Илинден, Илинденка, Илинденска, Исправи се Македонијо, Има само една Македонија, Името наше е Македонија, Ја излези Ѓурѓо, Ја слушајте вие србомани, Јас сум чисто Македонче, Јован Пашата Битолски Комита, Јунак Планина, Каде сте Македончиња, Кај си мајко да ме видиш, Како што е таа чаша, Ко ќе дојди та веселна пролет, Кога падна на Пирина, Комитска мајка Султана, Крушево абер пристигна, Крушевската Република, Лавовска Клетва,Македонијо земјо мила, Мила Македонијо, Македонијо земјо најмила, Мајко мила Македонска, Мајко мила Македонијо, Македонија до Индија, Македонија има сила, Македонски крвопис, Македонија име не менува, Македонијо жална ле мајко, Македонско име нема да загине, Мечкин Камен Памети, Ми товарил Дончо, Море сокол пие, На 4 Мај Гоце загина, Народе Македонски (3 верзии), На светол Илинден, Напред браќа за единство, Наше име е Македонија, Не давајте име да ни сменат, Не плачи мајко не жалај, Не далеку од Воден града, Нека живеј Македонија, Ние сме Македонци, Ние сме род Македонски, Носам крв Македонска, Нема друга Македонија, Налеј, налеј од рујното вино, Облак се вие орлите пиштат, Оган го гори Брезово, Оган да гори, Оган да го гори, Од врв Пирин планина вардаре македонски, Од срцево до Пирина, Одтаму се гледа Македонија, Одново ВМРО се роди, Озгора идет Крушевската чета, Оздола идет еден млад Војвода, Оздола идет Сејмени, Ој Вардаре македонски, Ордан седи на кулата, Оф оф аман од големите јадови, Послушајте патриоти, Проклети да се предавниците, Простум да застанеме, Песна за Александар Македонски, Песна за Александров, Песна за Васил Христов Чакаларов, Песна за Васил Чакаларов, Песна за Владе Штипјанчето, Песна за Војводата Крсте Ресенски, Песна за Дејан Војвода, Песна за Димитар Поп Георгиев Беровски, Песна за Драган Богдановски, Песна за Јане Сандански Старикот, Песна за Јане Сандански, Песна за Јордан Пиперката, Песна за Лазар Поп Трајков, Песна за Марко Лерински, Песна за Методија Патчев, Песна за Пере Тошев, Песна за Пешо Самарџиев, Песна за раѓањето на Гоце Делчев, Песна за Ставре Војвода, Песна за Цар Самоил, Песна за Царот Самоил, Песна за Ченто, Пирински Војводи, Погинал Стојан загинал - Вардар регион, Поле широко, Последните Комити, Провикнал се Ило Малешевски, Проклети да се предавниците, Простум да застанеме, Прошета се млад Војвода, Пушка пукна (за Гога Ацев), Развивај горо зелена, Ред се редат Кочански сејмени, Роди мајко силен Македонец, Сардисал Аскер, Сардисале Лешочкиот Манастир, Се собрале комитите, ќе ги бркат душманите, Света земјо Македонијо, Сезададе темен облак, Седи не шетај Бај Постоле, Седум Комити, Силен бој ми се заврза, Сите сме Македонци, Славен Пирин Недогледен, Славниот јунак Гоце, Слегол ми Делчев Војвода, Солунските Атентатори, Слушам кај шумат шумите, Смиле Војданов Војвода, Смилево славно оган гори, Сношти минав низ Кожув планина, Со господ напред ќе победиме, Со векови окована во пранги, Со маки сум се родила, Собрале ми се набрале, Солунските Гемиџии 1903, Сон сонила Орданица, Струмичките Студенти, Тврдокорни, Телеграма дојде од европа, Тодор Александров, Таму долу кај Белото Море, Трба трби Гевгелија, Ура ура Македонија, Изгреј зора на слободата (Химна на ВМРО), Земјо Македонијо (Химна на Вмро-Дпмне), Химна на РепубликаМакедонија, Цути вечна Македонијо, Цела Македонија, Црна се Чума зададе, Црно му било пишано на Александро Турунџев, Ченто трибун Македонски, Четворица Комити, Четворица Прилепски Комити, Чувајте ја Македонија, Што е чудо станало село (Ресава), Што ќе остане од Македонија....

Овие ги „собрав“ за еден ден. А да се позанимавав со нив една недела, како што правиме при етнографски истражувања?

Ако ги чуете, одма сами ќе ги одделите и час ќе уживате и ќе се чувствувате гордо, што припаѓате на таква музичка традиција, а час ќе се гадите од нискоста на „творците“, чија песна е билет за задникот на вождот и за нашиот буџет, преку десетиците вемереовско – патриотски фестивали.

Чув дека сме имале нов министер за култура, кој не се „ложел“ на вакви нешта... па да видиме.

            Дали сега, после овој непрегледен список, достоен на истоштувачкото име на Музејот на ВМРО и ступидната бастијалност на неговите „експонати“ , некој може да се чуди на галиите во Вардар, на кичот од Скопје 2014 – та, на квазибарокот од стиропор, на лотаријата за вработување, на рушењето на Космос...

Важно е! Навистина е бесценето важно, да не го заборавиме злото на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ и сите негови лица, за да не дозволиме да ни’ се повтори. Дневната прагма на информирањето и мерењето на потезите на Заев со пи...но влакно, не смее да не’ натера да заборавиме, а ни тој, дека секоја злоупотреба и кретенизам на подредените, „оди“ на негова сметка. Па, нека види.

           Патриотизмот низ песни, платен со наши пари, е само едно од лицата на злото. Тој „музички патриотизам“ изроди една цела генерации духовни евнуси и направи штети врз јавната естетика, повеќе отколку цела Прва и Втора Светска Војна - заедно. Секој нормален, после вакво музичко дрогирање, може само да посака да замине од државата, како што направија нашите најталентирани деца.

Ова не е само „обид“ за национализам. Ова е убиство на најсветото во нас и единствено што ми текнува, е ЗАБРАНА ЗА ЈАВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА СИТЕ ТУРБО – ФОЛК ФЕСТИВАЛИ, воведување ДАНОК НА ШУНД од најмалку 200% од производната цена на сите производи и влезници, со задолжителен ДДВ и КРАТЕЊЕ НА СИТЕ ДАНОЧНИ ПОВЛАСТИЦИ на персоналниот данок - дозволен за „авторите“.


       Кутри Бин Ладен, ладен ко шприцер, од Осама на смртта, ги гледа нашите богати и духовно мртви, проклети Холанѓани и труповите околу и се чувствува како аматер. Си’ вели кутриот: Е, тоа е убиство, а не бомби, ножеви и бојни отрови, ебаме буљаш!!!

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

Пот од очите и солзи од под мишки

„Наводници“