Плачеме за лицата со специјални потреби, одработуваме за криминалците, нели Ванковска?

Плачеме за лицата со специјални потреби, одработуваме за криминалците, нели Ванковска?

Отсекогаш ми биле одвратни говоранциите... „мораме да се грижиме за лицата со специјални потреби, за лицата со посебни потреби, унесреќени, за лица со намалени можности... Исто како  епитафите или надгробен говор: недопирлив, некорисен и лажлив!!! Дека мораме да се грижиме: ДА, мораме и тоа 200.000% повеќе. Не само што не се грижиме, туку за нив пет пари не даваме. Како таа, на пример.

 Ваквата „грижа“ е секогаш лага. Говорникот, скоро редовно, само ја користи приликата, затоа што знае дека никој нема да спори на гроб, за лагите за „Покојникот“ и никој нема да опонира, дури и ако говорникот „пакува“ политички пораки, во „грижата“ за унесреќените, болните, хендикепираните. Тоа го направивте таа. Каква врска има Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, со поголем буџет, поскапување на водата и струјата, горивата, албански државен ансамбл за народни игри, двојазични униформи и пари, агенции за заштитување на двојазичноста под закана на високи казни? Не знае да напишете за тоа посебно, и истото да биде подложно на разумот и јавната критика. Вака, таа го ставивте Јане пред себе и викнавте: Пукајте, не се плашам. Ах, вемереовско – професорските трикови немаат граница...

Јагнињата и активистите НЕ стивнаа: Еве, таа е пример! Јане и Тамара биле политички инструментализирани? Точно како што таа направи. Жално, но вистинито.

Нејзиниот евтин хохштаплерлук нема граници. Не постои трик во пишувањето, кој таа не го употреби, на најрасипан начин, се разбира, со крајна поента, да се нападнат апсењата, притворот и судовите, да се импутира троедност на власта и политичкиот реваншизам, односно да се потврдат тезите на Груевски и братијата („сестријата“ – таа и локнестата плавуша, двете поѓомити професорки). Таа, со овие лица и нивната судбина, го избриша крвавиот под и долгогодишниот патос, на кој таа „глумеше“ слободоумност и јавна грижа.

Најпрво, изненадува недоработеноста и невештото поврзување на несродните теми, од кои не успеа да направи теза и паралела. Како да дувнал ветер и ги налепил ливчињата за потсетување во колумната. Слабо нешто со дарбината, но можеби не е до начитаноста, туку до претешката политичка задача да изедначи 11 годишно владеење со 5 месечно, отворена диктатура со климаво мнозинство, „сваровски“ судство, со сегашните сончогледи, тефтерот на Гоца, со планот „3 – 6 – 9“, државниот удар, со кршењето на канцеларија на оној фикусон... Сепак, мислам дека е до нејзините „задолжителни обврски“ кон партијата.

Потоа, иритантна е видливата негрижа за оние, за кои пишува. Оти не каже дека овие лица се злоупотребуваат на секој можен начин. Истите ги кријат „да не се брукала фамилијата“, лица со лесен ментален хендикеп ги пљачкаат адвокатите и институциите, токму во содејство (им го „крадат“ семејното наследство), има случаи каде ги користат за проституција. Не знаела? Каде е грижата и поттикнувањето на јавната свесност дека овие лица не ги припремаме за пазарот на трудот? Јас лично бев во Шпанија да се запознаам со нивниот прекрасен систем, каде вакви лица (уредно категоризирани спрема можноста за вклучување во општеството и во пазарот на трудот) работат, имаат опремени центри, високо обучени и вешти инструктори, невидено добри можности за развој, исполнување на слободното време, исполнување на желбите и соништата. Еден од нив стана познат рапер. Зошто не потрошила малку време да истражи и да биде корисна и за општеството, а не само за партијата? Не се тие умрени, па да им држи посмртни говори. Дали таа има некаков податок како се применуваат законите за заштита на овие лица во Македонија? Не? Штета... можеби ќе пуштеше некоја солза за нив, а не мрсулавење за Чавков и братијата.

Треба Ванковска да се заинтересира, или да прочита барем една верска книга. Во сите нив едно стои како константа: „Кротките и слабите ќе им помогнат на најсилните“. Знам дека нема да разбере професорката, оти пишува, а не чита, па ќе и’ објаснам. На патот на успехот, кој - како го замислил и го „оди“, човекот станува нечувствителен, грамзив, умислен... нечовек. Само грижата кон слабите ќе не’ врати на патот на човечноста, но, само ако не ги замислуваме како „храна за партиски памфлети“. Со тоа, тие – за кои пишува, слаби, разочарани, оставени на божемна грижа, а суштински, на негрижа, можат да и’ помогнат да се врати на патот на човечноста, а не да ги вработи сите тие лица во „партиската фабрика“, а потоа да ги искористува. Такви „одработувачи“ се нагледавме и во филмски фондови и од Лабина – во облаци залетаната и од оперски пејачи, глумци, историчари, сликари, архитекти... Срамота е. Со нејзиниот невкус може да оди само нејзината неумереност, пакост, умисленост и најдиректно потценување на аудиториумот, како остаток од некогашното „вкусно јадење“ и бренд - Билјана Ванковска, од кое остана само валканиот тањир и „прилогот“, кој децата го туркаат преку ивицата.

Нешто и приватно: Веројатно е подобар партиски апаратчик од „писател“, оти тоа колумната, во весникот баш и не беше за преодна оценка,  па ако сака и Тања Каракамишева нека и’ ја оценува.

Comments

Popular posts from this blog

Илија наречен Жаклина

Барокот не треба да сѐ симнува, очекуваме стриптиз

Јас сум роден ваков, со што се правдаш ти