За Македонија, рационално, а не рационализирачки

За Македонија, рационално, а не рационализирачки

РациноватаМенка, во оригиналниот текстстаналаЛенка, кога е испратена до Трајко Прокопиев, да направи музикаКако што ми кажаа, а, ми кажа голем човек, уште 1995 година (Бог да го прости), токму заради тоа што, еден од експонатите на еден наш музеј е и факсимилот на Рациновата „Менка“, звучело многу бугарски.
Комисијата, која Отец Давид ја споменува, навистинаги исфрлилатемните вокали, ги скратила кратките падежки форми и отстранила сѐ она, што личело на српски или бугарски збор. Разбирливо, граделе некаков сепаратен идентитет, кој не требало да биде ниту српски, ниту бугарски, но сме сѐ „откажале од многу зборови, кои, во најсилни дистинктивни нијанси изразуваат длабоки чувства, детални описи на терени и ареали, со еден - единствен збор, карактерни особености, социјални односи, економска логика и односи и сл., кои, денденес нѝ фалат, во јазикот (не можеш да сакаш да јадеш, да сакаш жена и да сакаш да одиш по голема нужда, не?). Треба да се знае дека, тие „исфрлени“ зборови и изрази се старословенско наследство, кое било, ништо помалку наше, отколку српско или бугарско. Тие не се скарале со старословенскиот...
Има песна од 16 – ти век, во која се велича прекрасната Македонија, со најубавиот град Сараево (Врхбосне). Името „Македонија“ е, повторно, популаризирано после 1885 година, во исто време кога е „создадена“ и Византија, за да се опфатат сите феномени на Источното Римско Царство (Ромеите), за кое, археолозите не можеле да најдат сеопфатен назив. Картографски, само Римјаните ја одредиле Македонија, како Macedonia Prima i Macedonia Secunda. Никогаш пред, никогаш после, освен сега, кога служи за правење „картографија на умот“. Кога освојувале, ниту Византијците, ниту Турците, ниту Србите, ниту Бугарите, не ја освоиле Македонија, затоа што за такво нешто не знаеле (освојувале територии), па, не можеме тоа да го сметаме за „антимакедонски“ факт. Поимите „Вардарска Македонија“, „Пиринска Македонија“ и „Егејска Македонија“, како етнички факт – постојат само за нас Македонците, а ако го земеме процентот на Македонци во овие области (со тежок стартен проблем, до каде се протегаат тие области), ќе се најдеме во чудо.
Имало македонски семејства, каде децата им се викале Драгомуж, Харитон, Љеш, Јона (како што денес имаме и Жаклина и Џими), а по занимање биле, едниот влав, другиот грк (не Влав и Грк, туку сточар и трговец). Многу архиви (Аршиви Дефтерли, Дубровник, Солун) чуваат пописни и други документи, каде скоро и да немало семејство, кое не било билингвално, а идентитетот се изведувал од струката и занаетот, во исто време, знаејќи дека се „Славјани“. Тоа важело и за Албанците (освен „Славјани“) и за Србите и за Црногорците.
Во Државата СХС, Вардарската Бановина е така наречена спрема реката Вардар, исто како што и останатите (сите до една), биле наречени по реките (Моравска, Дравска, Дринска, Цетинска, Дунавска...), па, јасно е дека тоа не го направиле за да го избегнат името „Македонија“.
Може да се набројува со томови.
Има ли ова поента?
Има и многу е смешна: Ние Македонците, наместо да сѝ поставиме дијагноза, и да се занимаваме со светот и иднината, мораме да се скараме со соседите, со науката, со историјата, до ниво да го негираме нашето потекло и да се антиквизираме, да преправаме ноторни историски факти, да ги толкуваме простачки – до бесвест, да заборавиме дека Македонија постои од 1945 година, како применета форма, со територија, јазик, народ и никогаш пред тоа. Никој против нас немал ништо, освен ние самите, видно антиквизацијата.
Едноставно, ние не сме способни да говориме кои сме, туку, само, кои не сме.
Во процесот на градење дистинкција, кон секого и сешто, ние постојано губиме, како што изгубивме десетина илјади зборови во јазикот, како што губиме време и енергија во чување на некаква „чистотија“ на јазикот, односно, се инаетиме со јазикот и не ги внесуваме современите начини на говор, во исто време, кога Англискиот јазик, го обогатуваат со новото – на дневна основа, како што го губиме личниот идентитет низ детското самољубие, па, мораме да се пикаме во партии вери и етноси, да се групашиме како платеници, да лепиме етикети – наместо да дебатираме, за да имаме давеничка сламка во несигурниот процес на социјалната самоидентификација, за да имаме барем малку разбирање за сопствената историја, се разбира, без читање.
Ние сме настанати во негација, секојдневието нѝ е негација, негираме сѐ, од личноста на соговорникот (скоро и да сме неспособни за дијалог), до своите соседи, етноси, „другите“, институции, негираме дека живееме во свињарник, негираме дека, со секоја нова реформа, ние се враќаме назад, ја негираме ученоста и знаењето, системите на јавна доверба и политичка насока, па, на крајот, како невеста што нашла метла зад врата, се чудиме зошто немаме општествен капитал, морал, етика, естетика. Ние сме рационализатори, не што сме патриоти (тоа го видовме со молкот на вемереовците и „интелектуалците“), туку од рачунџиство, па, се кострешиме за името и идентитетот, во исто време кога говориме со подбив за себе – самите: „Не нѐ бидува“.
Народ, кој е скаран со своето минато, нема иднина. Нашето фабрикувано минато и катастрофалните етнопсихолошки карактеристики, ќе стојат како ломбаци во куцкамен и ќе не спрепнуваат на секој чекор, а стравот, дека, ако проговориме вистинито, логички и рационално, ќе не декласира како Македонци/ки, стои како врата на стравот, знаејќи дека, ако поминеме низ неа, не само што ќе бидеме жигосани подома, туку ќе мораме од дивјаци да станеме граѓани на светот, во кој нема место за мрзи, неприлагодени, неделовни, умислени, политички хохштаплери, психопатолошки настроени рационализатори, заради погрешни математики дека е подобро да бидеш прв всело, отколку последен вград.
Така ми мириса и приказната со името. Бегаме од реалноста, но џабе е. На крајот, сами – себе ќе се најдеме, оти под кожата си ги носиме решетките на македонскиот затвор, а кога ќе се пронајдеме (ако некогаш се случи), не верувам дека ќе нѝ се допадне тоа што го гледаме во огледалото.


До тогаш? Омраза и фолклор, де.

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

Пот од очите и солзи од под мишки

„Наводници“