Posts

Showing posts from January, 2018

Пот од очите и солзи од под мишки

Пот од очите и солзи од под мишки Ние сме многу „препичен“ народ. Се препичуваме од работа, од чесност, од „од на мрава негазење“, од патриотизам – посебно. Од гостопримство? Нема втор народ како нас препичени од гостољубивост. Препичени сме од домашни „женски“ и „машки“ работи, од овоштарници, бавчи, викендици, од хобијата, кои ни носат „по некој денар“, од мислење за семејството, за иднината, за градот, нацијата, името, меѓучовечките односи... оти цело општество да ти било дебилно, освен нас, соговорникот и пецевци. Ами другите работи? Да свариш ракија, да туриш вино, да заколеш прасе на село, да го дујдисаш за во замрзнувач, да направиш зимница, да појдеш до пчелите, да ја измиеш колата во паркчето, кучето да го нараниш, а пред тоа да појдеш до кафеана, коски да земеш. Душа е и тоа. Си го зел, ќе го раниш. Ами без куче, крадци ко да си викаш. Со сите деца си игра на улица. Многу го сакаат. Да имам време јас ќе го шетам, ама немам, па го пуштам да прошета само, да си

Барок, Рококо и $ Охохооооо

Барок, Рококо и $ Охохооооо Тоа се главните архитектонски стилови во Македонија. Барокот и рококото ги имаме од неодамна, а охохооото уште од социјализмот, со постепен развој во периодите 1991–1998 година и со невиден процут после 2008 – ма година. Некои злобници тоа го нарекуваат и корупција, но во Народниот речник на Македонскиот јазик, тој архитектонски израз с ѐ објаснува како „снајдување“ и нема врска со криминал, туку со хигиена („Перење“). Охохооото се дели на охохо и охохоооооо. Првото се одликува со декоративни елементи, во кои се претставени плеада советници, кои за ништо не служат, освен за земање охохо хонорари, патни трошоци и користење службената картичка за сопствен стандард, прошарани трансфери кон ТВ куќи, комбинирани со филмски пропагандни перформанси и тони кич музика. Охохооооото се разликува спрема бројот на нулите, но во секој случај, овој архитектонски стил бара големи неимари, кои имаат нејсовремени машини за перење, кои перат „немогуќе ствари“, но исто

Интервју со ѓаволот

Интервју со ѓаволот Се разбудив во топла пот, требаше да биде во ладна, ама не греам во собата, па сѐ е топло во споредба. Ми се смири стравот дека, можеби, ова не беше сон, ме фати нов, дека е жена ми во право - дека сум болен грандоман и дека доцнам за на работа (јеби га, не е повеќе вемерето, па кога и да дојдеш, доаѓаш после директорот, оти тој има утринска координација). Решив. Колку и да е глупаво да пишуваш за сон, ќе напишам, барем за себе (така се лажеме сите ние, „кои нѐ јаде газот“). Не е толку глупава жена ми: Ем сонувам дека водам интервју, наместо да сонувам дека пополнувам инвентарни книги, или неа , во долен веш, ем го водам најголемото интервју, кое било кој – било кога го направил. „Клиент“ ми беше ѓаволот - лично. Дошол „да ме просветли“, за да изнесам некои работи во јавност, а сепак, никој да не ми верува (мојата животна приказна). Геровски не сакал да го одбере за интервјуто, оти бил толкав циник, што ќе го фател за рогови, за да му ја истргне маската

Јас сум роден ваков, со што се правдаш ти

Јас сум роден ваков, со што се правдаш ти Како со Макавеите, по почетокот се познава годината. Така, годинава ќе биде пресудна оти ќе има многу судски пресуди. Со тоа, ќе биде и процесоидна, а впечатокот беше зајакнат и со бадниковата процесија. Од причина што судските процеси ќе преминуваат од година во година (ќе бидат мачни и долги), годинава ќе биде и преодна. Значи, сѐ тече, сѐ се менува – ако се заебаваме. Единствено што тече е ритуалот, тој преубав страв од мислење, способност и креативност, на кој се налепени ритуално сомнителни типови. Исполнета е уште една ставка на ритуалната циклична вечност, ние сме во новата година, величина, која не би требало да значи ништо, освен, уште еден „значаен датум“ во нашата збунетост и работа за компјутерските часовници. Да сѝ честитаме дека преживеавме уште една година и да се подумаме што тоа имаме да сѝ честитаме? Лаконскиот рефрен на Бора Чорба „биче боље, неко виче“, е мошне пригоден. Но, ориентацијата во времето, просторот и соц